Грчкиот фудбалер и член на Борусија Дортмунд, Јанис Константелијас од радост до тага на вчерашното деби за својот тим против Хамбургер. Тој постигна погодок за својот тим за 2:0, а потоа се повреди во 53. минута и мораше да го напушти теренот.
„Милионерите“ се надеваа дека повредата не е сериозна, но ден потоа стигна кошмарната вест: Гркот ќе паузира неколку месеци откако ги скина вркстените лигаменти.
Константелијас дојде во Дортмунд од ПАОК Солун, и веднаш се наметна како големо засилување на својот тим. Меѓутоа ова сега ќе преставува огромен хендикеп за „милионерите“, кои нема да сметаат на новиот играч најмалку до февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
