Кошмар за Реал: Рамос ги пропушта двата меча со Ливерпул

Зинедин Зидан се соочува со нов кошмар откако Серхио Рамос заработи нова повреда и ќе пропушти низа супер-значајни натпревари на Реал Мадрид.

Искусниот дефанзивец денеска беше на детални прегледи во Мадрид, а резултатите се кобни за „кралевите“, станува збор за проблем со мускулот на ногата, а според првичните прогниози ќе следи пауза од околу еден месец од терените.

Ова значи дека Рамос ќе ги пропушти двата дуели од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул, како и претстојното „Ел Класико“ против Барселона, дуел закажан за 12 април.

Ова е вкупно петта повреда на одличниот одбранбен фудбалер сезонава, поради што тој досега пропушти 18 натпревари на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...