Фермин Лопез беше стартер за Барселона на синоќешниот дуел со Бетис, но овој натпревар се покажа кобен за офанзивниот играч за врска, кој заработи сериозна повреда и мораше да биде заменет.
Деталните лекарски прегледи што беа извршени утрово донесоа катастрофална вест за Фермин – станува збор за скршеница на метатарсанат акоска во стопалото на десната нога, повреда за која е вообичаена пауза од најмалку два месеци, што би можела да изнесува и уште подолг период.
Барса попладнево преку клупско соопштение ја потврди лошата вест, Фермин во најскоро време ќе биде опериран, но тоа ќе значи и негово пропуштање на СП 2026, каде беше сигурен патник на списокот на Луис де ла Фуенте.
Шпанија својот прв меч на СП 2026 ќе го игра на 15 јуни, кога ќе ја има улогата на апсолутен фаворит против Зеленортските острови, дуел што ќе се игра во Атланта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
