Кошмарен 21. век за НБА тренерите

Со поразот од Србија во борбата за пласман од 5. до 8. место кошаркарската репрезентација на САД го допре самото дно. Како и во претходните неколку наврати, целата тежина на неуспехот падна на успешен НБА тренер.

Откако Руди Томљановиќ кој е освојувач на два НБА прстени, успеа со селекцијата на САД да освои злато на преминот меѓу двата милениума, НБА тренерите немаа успех како селектори на репрезентацијата. Последен во низата е Грег Попович кој не успеа да стигне до медал на СП во Кина.

Парадоксално е, но еден од најдобрите кошаркарски тренери на сите времиња, ќе биде запаметен како човекот кој имал најслаб резултат со САД на Мундобаскетите. Исто така Кина не е единствениот негов грев. Тој беше дел од стручниот штаб и во 2002. и 2004. година на СП и на ЛОИ кога Американците исто така не успеаја да стигнат до златото.

Покрај Попович на чело на САД од НБА тренерите беа и Џорџ Карл и Лери Браун. Првиот ја водеше репрезентацијата на САД во Индијанаполис, каде Американците завршија како шести, а ќе биде запаметен и како првиот селектор кој со НБА кошаркари доживеа пораз на едно големо натпреварување, откако претходно Американците освојуваа злато на ЛОИ во Атланта, Барселона и Сиднеј, како и на СП во Канада. Единствениот неуспех во 90-тите години САД го забележа на СП во 1998. година каде го зазема третото место, под водство на Руди Томљанович, но тогаш не играа НБА кошаркарите поради лок-аутот.

Во Атина на ЛОИ 2004 кога на чело на Американците беше НБА шампионот со Детроит Пистонс, Лери Браун исто така се случи колапс на Американската репрезентација и забележа три порази, но имаше среќа да се врати дома со медала.

Од 2006. кормилото го презеде прославениот Мајк Кшишевски кој Америка ја водеше до злато на сите натпреварувања, освен на Мундобаскетот 2006. година.

Се вчитува...