Косово ја изненади Чешка и го презеде врвот во квалификациската група

Потенцијалниот противник на фудбалската репрезентација на Македонија во полуфиналето од Лигата на нации, Косово продолжува со одличните партии во квалификациите за Европското првенство 2022 година. Косовските репрезентативци на домашен терен ја совладаа фаворизираната Чешка со 2-1.

Чесите подобро го отворија мечот, поведувајќи со 0-1 со голот на Патрик Шик во 16. минута. Нивната среќа траеше само четири минути, бидејќи Косово изедначи во 20. минута со голот на Ведат Муричи. Победа за домаќините донесе Мергим Војвода со голот во 67. минута.

Во моментов Косово се наоѓа на првата позиција на табелата во А групата со 8 бода, два повеќе од второпласираната Англија која има и два натпревари помалку. На третото место е Чешка со 6 бода, од четири одиграни средби.

Се вчитува...