Коста е пред потпис со клуб од Европа, повторно ќе има шанса за настап во Лигата на шампионите!

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Диего Коста, наскоро би можел да потпише за Бенфика. Понудата на португалскиот клуб е најдобрата што ја доби Коста, па тие му нудат плата од 2,5 милиони евра и бонус од три милиони евра за потпис.

Бенфика му нуди двегодишен договор на Коста, гарантира борба за титулата и настап во Лигата на шампионите, па тешко дека Диего би можел да добие нешто подобро од оваа понуда. Диего Коста го раскина договорот со Атлетико во декември минтата година, тој имаше понуди од Премиер лигата, но се чини дека тие не беа доволно примамливи за него.

Да потсетиме, Коста во два наврати ги „бранеше“ боите на Атлетико, а помеѓу нив, три сезони го носеше дресот на Челси. За репрезентацијата на Шпанија одигра 24 натпревари и постигна 10 голови.

Се вчитува...