Костадин Капсаров е нов фудбалер на Пелистер

21-годишното десно крило Костадин Капсаров е нов фудбалер на битолски Пелистер. Левоногиот фудбалер во битолскиот тим доаѓа од редовите на Брегалница.

Роден во Струмица, Капсаров потекнува од фудбалската школа на Академија Пандев (подоцна АП Брера), а потоа играше во Беласица и Детонит. Во јануари оваа година се сели во Брегалница.

Пелистер го ангажираше Капсаров како засилување за второлигашката конкуренција, и враќање на прволигашките патеки по само една сезона пауза. Тој минатата сезона постигна 14 гола во дресот на сините од Штип.

Се вчитува...