Костадин Захов останува во Шкендија до 2023 година (ВИДЕО)

Еден од најдобрите голмани во Првата македонска фудбалска лига, Костадин Захов го продолжи договорот со тетовска Шкендија. Искусниот голман се обврза на нов договор со клубот од Тетово до 2023 година.

„Среќен сум што ќе продолжам да ги бранам боите на клубот со кој остварив големи успеси во кариерата. Шкендија ми даде многу, а верувам дека на добар начин успеав да го возвратам и дека така ќе биде и во следните години. Се надевам на успеси и во следните години“, изјави Захов за клупскиот сајт. 

Захов во Шкендија стигна во 2016 година. Тој досега забележа 176 натпревари за тетовскиот тим, од кои 137 во ПМФЛ, 9 во купот и 30 во меѓународните натпреварувања.

 

 

Се вчитува...