Костадинов пред трансфер во Слован Братислава!?

Македонскиот репрезентативец Тихимор Костадионов е пред трансфер во Слован Братислава, пренесуваат словачките медиуми.

Најдобриот тим во Словачка е заинтересиран за Костадинов кој имаше извонредна сезона во Ружомберок, а настапи и за Македонија на неодамна завршеното Европско првенство.

Како што пренесуваат Словаците, веќе е активирана понуда од Слован Братислава за Костадинов, но останува и договорот меѓу двата клуба на патот до неговата преселба во редовите на словачкиот шампион.

Се вчитува...