Костадинов стрелец за Ружемберок

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов беше стрелец за својот Ружемберок во ремито од 1-1 против Дунајска Стреда.

Тој донесе водство за својот тим во 51. минута, но до крајот противникот успеа да израмни и да му земе бод на Ружемберок.

За Костадинов ова е гол првенец сезонава во неговиот 12 настап. Ружемберок во моментов се наоѓа на шестата позиција на табелата во словачката лига. а

Се вчитува...