Костас Мисас, нов селектор на Грција

Кошаркарската репрезентација на Грција доби нов селектор во пресрет на Евробаскет. Шанса да застане на кормилото доби домашниот стратег Костас Мисас, кој важи за еден од најдобрите тренери за млади категории во Грција. Со оглед дека најголем дел од сегашните репрезентативци минале низ негови раце во минатото, тој сега добива можност да ги предводи и во сениорска конкуренција.

Грција во првата фаза од Евробаскет ќе биде сместена во групата во Хелсинки, заедно со селекциите на Полска, Франција, Финска, Исланд и на Словенија.

 

Се вчитува...