Црногорската војска во понеделникот вечерта од морето на устието на Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија од Владата за медиумите.
Потврдено е дека Ивица Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Воената морнарица на Војската на Црна Гора и хеликоптерска поддршка од воздух.
Според медиумите, Костелиќ и уште едно лице возеле кајак, но силниот јужен ветер и брановите повисоки од три метри се превртеле и ги одвлекле од брегот.
Како што дознава „Вијести“, двајцата спасени се добро, но превентивно се предадени на итната екипа која ги чекала во пристаништето Бар, каде околу 22.45 часот пристигнал патролниот чамец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА