Македонските ракометари имаат причина да бидат горди откако остварија уште еден успех со пласманот на Европското првенство што ќе се одржи во јануари 2026 година во Шведска, Норвешка и во Данска.
Десното крило Ненад Костески не го криеше задоволството по остварениот резултатот, откако Македонија двете клучни средби ги одигра на најдобро можно ниво, славејќи убедливо и против Естонија на гостински терен и дома над Литванија.
„Остваривме уште една голема победа и пласиравме на ново Европско првенство во низа. Среќни сме. Иако го загубивме мечот во Литванија, дома покажавме карактер, одигравме цврсто и машки, едноставно изгинавме на теренот. Не го отворивме мечот најдобро, но најважно е дека одигравме борбено до самиот крај. Бевме смирени, верувавме во себе, покажавме дека Македонија треба да се радува бидејќи ракометот има светла иднина“, изјави Ненад Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА