Костески со одличен меч до трофеј во Купот на Чешка

Мaкедонскиот ракометен интернационалец Никола Костески се закити со трофеј во Чешка откако го предводеше својот тим Талент Плзењ до голема побееда во Купот на Чешка над Карвина од 34-30.

Токму крилниот ракометар, кој своевремено играше во одлична форма и во дресот на Металург, беше најзаслужен за победата на својот тим, постигнувајќи осум погодоци во овој финален натпревар.

Мечот беше максимално израмнет во првото полувреме, на одмор се замина со резултат 18-18, за во вториот дел Костески и соиграчите да заиграат уште подобро, резултатски да се одлепат и да стигнат до големиот пехар.

Се вчитува...