Костески со Селка први победници на турнирот „Боро Чурлевски“

Турскиот тим Селксаспор за кој настапува македонскиот интернационалец Никола Костески, е победник на првото издание на Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ во Битола.

Во финалето на турнирот, Селкаспор го славеше против грчкиот шампион Олимпијакос со 31-25. Решавачката предност  турскиот тим ја направи во средината на второто полувреме кога со шест гола во серија се одлепи на 21-14.

Костески го заврши натпреварот со три погодоци, а најефикасен во тимот на Селкаспор беше левиот бел Владимир Острушко кој на крај ја понесе и титулата најдобар играч на турнирот.

Третото место на првиот турнир „Боро Чурлевски“ го освои финскиот Кокс со победата против Шербурн, а петти е домаќинот  Пелистер кој во последниот меч славеше победа проти новиот супрлигаш Бутел.

Се вчитува...