Костоски и Питешт ја запреа Стеауа

Екипата на Питешт, во чии редови настапува и Александар Костоски, приреди изненадување во „лигата за титула“ во романскиот шампионат, славејќи на дуелот против Стеауа со резултат 77-69.

Стеауа важи за главен конкурент за титулата и влезе во мечот со серија од пет победи, Питешт не знаеше за триумф во претходните четири кола, но Костоски и соиграчите максимално мотивирано влегоа во мечот, одиграа одлично во одбраната и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Македонскиот репрезентативен плејмејкер го заврши натпреварот со седум поени и шест асистенции, а најефикасен кај Питешт беше Американецот Расел со 22 поени.

Се вчитува...