Костоски: Оваа генерација ќе покаже дека вреди повеќе

Разочарувачките квалификации со Косово и Естонија веќе се зад македонските репрезентативци, кои со засилено темпо се подготвуваат за утрешниот дуел против селекцијата на Словачка. Влогот е јасен – триумф ќе значи речиси сигурно освојување на првото место во групата, а нашите кошаркари се максимално фокусирани на остварување на таа цел и бегство од дното на европската кошарка, кон селекциите со поголемо реноме.

„Ова  е генерација од која голем дел на играчите настапуваа заедно во младинските селекции и чие време дојде и на сениорски план. Верувам дека можеме повеќе од она што го покажавме минатото лето, а за да го докажеме тоа неопходно е да ја совладаме Словачка. Фаворити сме, пред се поради начинот на кој игравме и победивме во Словачка во ноември, но тоа ќе мораме да го потврдиме на теренот“ – изјави Костоски.

Плејмејкерот поради повреда го пропушти триумфот на првата средба, но овојпат ќе му биде на располагање на селекторот Давитков.

„Тогаш не можев да играм, но сега сум подготвен, да помогнам да дојдеме до победата што сите многу ја посакуваме“ – истакнува Александар Костоски.

Се вчитува...