Битката за опстанок сезонава во Првата македонска фудбалска лига, Тиквеш ќе ја води на чело со поранешниот член на стручниот штаб на македонската репрезентација Влатко Костов.
Костов од вчера го презеде водството на кавадарчани, но за дебито на клупата ќе почека следниот викенд. Поради административни причини нема да може да го води тимот на утрешниот натпревар против „својата“ Брегалница во Штип.
„Среќен сум што преземам тим како Тиквеш, благодарен сум што раководството во мене ја најде личноста која ќе мора да го мобилизира тимот оваа сезона. Јас силно верувам во овие играчи во Тиквеш инаку немаше да го прифатам овој предизвик. Моја задача ќе биде да ги мобилизирам за да сите заедно дадеме се од себе во битката за позитивни резултати“ – истакна Костов по првиот свој тренинг со тимот, притоа дополнувајќи:
„Јас од прв ден се ставив на располагање на ФК Тиквеш. Секој ден сум со тимот и мислам дека подготвени ќе го дочекаме утрешниот натпревар. Може да кажам дека малку ми е криво и жал што нема да бидам на клупат да го водам тимот на утрешниот натпревар против Брегалница во Штип затоа што јас сум човек кој не сака алиби, сакам директно да си ја понесам одговорноста на терен. Поради административни причини бидејќи покасно се раскина договорот со претходниот тренер, не можеше да се заврши регистрацијата, но потенцирам дека не сакам алиби и јас од денеска ја преземам комплетната одговорност за резултатите на Тиквеш“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА