Костовска го освои 5. место на силниот карате турнир во Коачели

Една од најдобрите македонски каратистки, Вероника Костовска го освои 5. место на слиниот карате турнир од Серија А категорија кој изминатиот викенд се одржа во турскиот град Коачели.

Костовска на патот до полуфиналето издвои дури пет победи, а во мечот пред финалето беше поразена од Германката, Рем Камиш со минимални 3-2.

Во мечот за бронзениот медал спортистката на Македонија за 2020 година, загуби од египетската каратистка Басмала Хасан со 10-7.

Се вчитува...