Нов одличен успех на македонските каратисти на Премиер-лигата во Салцбург. Петар Спасеновски во категоријата до 84 килограми по петтото место во Дубаи, овојпат го освои седмото место. Тој забележа три победи, а два пати беше поразен со што на крајот мораше да се задоволи со седмото место.
Како седмопласирана заврши и Вероника Костовска во категоријата до 61 килограм. Таа забележа две победи, а во четвртфиналето загуби од финалистката Мерве Чобан од Турција.
За потсетување утре најдобриот македонски каратист, Емил Павлов во мечот за златото ќе се бори со светскиот шампион Италијанецот, Анџело Крешенцо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА