Костовски по речиси една година повторно стрелец за Леувен

Македонскиот напаѓач Јован Костовски по пауза од речиси една година конечно стрелаше во дресот на белгискиот Леувен.

Костовски во петтиот свој натпревар сезонава за Леувен го постигна и својот прв гол, носејќи бод за својот тим на дуелот против Бершот. Македонскиот фудбалер погоди во 87. минута за конечни 1-1 во пресметката со Бершот.

Претходно, последен гол на Костовски во дресот на белгискиот тим беше во април минатата година.

Се вчитува...