Костовски реизбран за претседател на Македонската таеквондо федерација

Борче Костовски едногласно е реизбран на претседателската функција на Македонската таеквондо федерација (МТФ).

На Изборното собрание кое се одржа во Скопје, Костовски ги доби гласовите на сите 12 присутни делегати од вкупно 16 колку што се регистрирани според Статутот на МТФ.

Беше усвоен и четиригодишниот извештај за работата на МТФ, при што претседателот Борче Костовски детално се произнесе за успесите на македонското таеквондо за време на неговиот мандат, заблагодарувајќи се притоа на сите тренери, спортисти, судии, делегати за целосната поддршка и соработка.

Косотвски, кој е и селектор на репрезентацијата, во четиригодишниот мандат зад себе како функционер има златен сениорски медал на Европското првенство во олимписки категории, две бронзи на ЕП во У-21, бронзен медал на Светско јуниорско првенство и сребрен на Медитерански игри во Тарагона, Шпанија.

Главна цел во наредниот мандат на Костовски е освојување олимписка норма за ЛОИ во Токио 2020.

Се вчитува...