Коцев: Направивме многу грешки, Вардар стигна до заслужена победа

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одбраната на титулата ја почна со победа од 2-0 над штипска Брегалница во премиерниот меч за двата тима во 35. сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.

По мечот капитенот на Брегалница, Стефан Коцев ги сумираше впечатоците…

„Направивме многу грешки. Вардар е голем тим и им честитам за трите бода. Ние се уште не сме комплетни, но се надевам дека од следниот меч ќе почнеме со подобри игри“, изјави Коцев. 

Се вчитува...