Десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими играше вчера за својот тим во мечот против Баерн Минхен, и покрај повредата поради која требаше да го пропушти овој меч. Меѓутоа важноста на мечот си го стори своето, па Мароканецот се најде во составот на Луис Енрике.
Меѓутоа тој мораше предвреме да го заврши мечот, оставајќи го ПСЖ да стравува за реваншот во Минхен, а и Мароко за настап на Светското првенство.
Минатата сабота во француското првенство на мечот со Анже, беше заменет на полувремето, поради тоа што Енрике не сакаше да ризикува. Меѓутоа тој беше една од клучните фигури на вчерашниот дуел со Баерн, кога асистираше за голот на Усман Дембеле за 5-2.
„Не знам што му е, ќе мора да се направат тестови“, рече кратко Енрике по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
