Ковачиќ сака да остане на „Стемфорд бриџ“ и следната сезона

Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ го известил Реал Мадрид дека сака да остане во редовите на Челси и следната сезона. Тој игра позајмен играч во англискиот премиерлигаш, но добро се снајде во тимот на Маурицио Сари и не би сакал да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ каде добиваше многу помала минутажа.

Оваа сезона Ковачиќ одигра 23 натпревари за Челси, од кои на 16 беше стартер, а седум пати влезе во игра од резервната клупа. Тој беше стартер и на три меча од Лигата на Европа и нема против да го носи дресот на лондонските „сини“ уште една сезона. Сепак, последниот збор ќе го има Реал Мадрид, со оглед дека Хрватот има договор со „кралскиот клуб“.

Се вчитува...