Ковид-парадокс во спортот: ПЦР тестовите се задолжителни и за прележаните и за вакцинираните

Спортските федерации и клубовите се крајно незадоволни откако Владата на РСМ го одби нивното барање поднесено преку Агенцијата за Млади и Спорт, за престанување на мерката за задолжително тестирање на сите спортисти со ПЦР тестови пред секој натпревар.

Во ситуација кога сме сведоци на олабавување на мерките и кратење на полицискиот час, логично беше да се очекува да се даде зелено светло за одржување на спортски настани без ПЦР-тестирања, кога веќе не се размислува за враќање на публиката на трибини, нешто почна да станува пракса во повеќе држави ширум Европа.

Не само што тоа не се случи, туку Владата ја информираше АМС, а со самото тоа и федерациите, дека тестирањето е задолжително и за оние спортисти кои биле заразени од Covid-19 и го победиле коронавирусот, како и за оние кои ќе прикажат доказ дека се вакцинирани. Вистински парадокс – со оглед на секојдневните изјави дека токму вакцинирањето е најдобриот начин за победа на нормалниот живот над коронавирусот.

„Трошоците за покривање на тестови за сите спортисти за секое натпреварувачко коло се огромни. Како федерации се согласивме да ги покриеме за доброто на спортот, но очекуваме да се покаже слух бидејќи станува збор за навистина високи средства што се издвојуваат по неколку пати месечно. За нас е неразбирливо како може да е задолжителен тестот за некој кој има доказ дека го прележал вирусот, или пак дека е вакцинирал. Ова е грешка што мора да биде исправена“, истакнуваат од спортските федерации.

Се вчитува...