Кожув лесно против Гостивар

Кошаркарите на Кожув стигнаа до лесна победа над Гостивар од 90-74 во заостанатиот натпревар од седмото коло во кошаркарската Суперлига. Гевгеличани уште од самиот старт наметнаа силно темпо и веќе на полувреме имаа предност од 49-36.

Добрата игра особено во фазата на одбрана продолжи и во третиот период, а гостите од Гостивар во последните десет минути успеаја само да го ублажат поразот. Никола Станојевиќ со 23 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Александар Костоски заврши со 20 поени.

Се вчитува...