Кожув се враќа во БИБЛ-лигата

Македонија повторно ќе има свој претставник во БИБЛ-лигата откако Кожув постигна договор со раководството на ова регионално натпреварување за настап во сезоната 2018/2019. Ова вечерва беше и потврдено од страна на челниците на БИБЛ на официјалната веб-страница на лигата, потсетувајќи дека станува збор за клуб со успешна традиција во ова натпреварување.

Имено, Кожув во 2016 година стигна до финалето на БИБЛ, каде беше поразен од црногорскиот претставник Морнар.

Клубот од Гевгелија ја заврши ланската сезона на осмата позиција, но изразува амбиции за во новата сезона да стигне до Супер-лигата. Кожув денеска потпиша договори со седум кошаркари, почнувајќи со формирање на тимот за наредната сезона.

Се вчитува...