Кожув се засили со Американецот Џошуа Скот

Кошаркарскиот прволигаш Кожув е засили со Американецот Џошуа Скот.  Тој во Гевгелија ја стартува професионална кариера, откако минатата сезона ја помина во американската НАИА лига, во составот на Универзитетот Томас. Просечно по натпревар за универзитетот Томас постигнуваше по 16 поени, 5 скока и 3 асистенции, поради што беше избран во втората најдобра петорка на Конференцијата Сан.

Прволигашот од Гевгелија ги доведе и Ентон Максвел, Шалев од Академија ФМП, како и Бешлиоски. Во однос на ланскиот ростер Кожув успеа да ги задржи Караџовски и Пајиќ, а тимот го напуштија Трајковски и Стајиќ, кои во пакет заминаа во Пелистер.

Се вчитува...