Кожув со две засилувања за новата сезона

Екипата на Кожув почна да го составува тимот за наредната сезона, постигнувајќи договор за соработка со Лука Петровски.

Овој кошаркар доаѓа од редовите на МЗТ Скопје 2, каде што беше меѓу најдобрите играчи во тимот, но младите „металци“ сепак не успеаја да обезбедат опстанок во елитното друштво. Петровски имаше на маса понуди од неколку прволигашки екипи, на крајот решавајќи се за преселба во Гевгелија, пред се поради желбата да биде во тимот каде што би имал посериозна улога и минутажа.

Покрај Лука Петровски, Кожув успешно ги финишираше преговорите и за ангажман на Тео Милевски. Овој млад кошаркар минатата сезона ја мина во дресот на Ангели, а по испаѓањето на тимот од Кисела Вода се реши да се пресели во Кожув.

Се вчитува...