Кожув со феноменален втор дел за убедлив триумф над ТФТ

Кошаркарите на Кожув му го нанесоа четвртиот пораз сезонава на ТФТ, триумфирајќи со убедливи 90-76 во 16. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

ТФТ Скопје одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 15-23, но се понатака беше во знакот на гевгеличани, кои одиграа феноменално второ полувреме преку кое дојдоа до конечната победа.

Иако домашните на полувреме имаа негатива од 12 поени (36-48) сепак второто полувреме го добија со +26 поени за убедлива победа на крајот.

Најефикасни во победничкиот тим беа Пајиќ со 18 поени, Станојевиќ со 17 поени и Лок со 16 поени, а кај гостите се издвоија Хортон со 23 поени и Андерсон со 17 поени.

По оваа победа Кожуф со седум победи, и исто толку порази, се издвои на петтата позиција, а ТФТ е со осум победи и четири порази низ досегашниот тек од сезоната.

Се вчитува...