Кожув со пораз од Берое ја стартуваше годинашната авантура во БИБЛ

Кошаркарите на Кожув го загубија стартниот меч од новата сезона во БИБЛ. На гостувањето во Бугарија, гевгелискиот тим доживеа пораз (69-62) од Берое.

Првата четвртина домаќинот ја доби со 20-13, а на полувреме Берое замина со шест поени предност (31-25). Во последните десет минути бугарскиот состав влезе со десет кошеви позитива, а потоа Кожув успеа да намали на 54-53. Но, тоа беше и се од македонскиот претставник на овој меч. Берое сепак успеа да го скрши отпорот на Кожув и да оствари триумф.

Најефикасен во таборот на Кожув беше Александар Радуловиќ со 19 поени, а девет уфрли Александар Штерјов.

Конер Франкамп со 26 постигнати поени беше творец на триумфот на Берое.

Се вчитува...