Кожув убедливо до победа на гостувањето против Вардар

Кошаркарите на Кожув стигнаа до првата победа сезонава во најсилната македонска кошаркарска лига, славејќи убедливо во 2. коло со 64-85 на гостувањето против Вардар.

Гевгеличани уште од самиот почеток најавија дека во Скопје се по победа, добивајќи ја првата четвртина со 18-24. Во продолжението само рутински се одржуваше предноста за на крајот убедлив триумф.

Најефикасен во победничкиот тим беше Зданавичиус со 16 поени, а со 14 поени, 4 скока и 4 асистенции мечот го заврши Караџовски. Пајиќ постигна 11 поени, а по 10 поени запишаа Стајиќ и Павловиќ.

Кај домашните се издвои Славчо Темелковски со „дабл-дабл“ ефект од 11 поени и 14 скока, а 16 поени постигна Робев.

Се вчитува...