Кожув „замрзна“ на „минус 54“ во Грција

Кошаркарите на Кожув претрпеа преубедлив пораз на гостувањето во Грција против Лариса од 112-58, како дел од подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Грчкиот тим ја имаше фаворитската улога, но во секој случај изненадува огромната разлика од 54 поени, која се зголемуваше како што одминуваше времето. Првата четвртина заврши со резултат 34-21 за Лариса, домаќините заминаа нс одмор со предност од 25 поени (57-32), за потоа уште посилно да влезат во преостанатите 20 минути и на крајот да ја надминат и границата од 50 поени разлика.

Пајиќ со 15 и Трајковски со 12 поени беа најефикасни во таборот на Кожув, Павловиќ постигна девет, а Караџовски осум поени за тимот предводен од Алек Јончевски.

Се вчитува...