Крај на агонијата долга 477 дена, Кулушевски конечно одбработи цел тренинг

Фудбалерот на Тотенхем, Дејан Кулушевски, која во мај 2025 година заработи повреда на коленото, знаеше дека го чека долга пауза, но не можеше да претпостави дека таа ќе изнесува дури 477 дена.

Кулушевски на својот профил на Инстаграм објави дека одработи цел тренинг со соиграчите по повеќе од 15 месеци пауза и притоа се пофали дека од семејството доби торта со бројката 477.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10)

 

Фудбалерот во текот на изминатите неколку недели постепено го зголемуваше интензитетот на тренинзите, за денеска да се пофали дека успеал да одбработи цел тренинг со максимален интензитет.

Швеѓанецот со македонско потекло се повреди на 11 мај 2025 година на дуелот против Кристал Палас, а три дена подоцна беше опериран. Но, поради тежината на повредата, Кулушевски во март годинава повторно мораше да замине на операција.

Се вчитува...