Крај на дилемите: Алиоски потпиша за турскиот гигант

Езгијан Алиоски конечно ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи договор со турскиот гигант Галатасарај.

Информацијата прв ја објави турскиот весник „Фанатик“, а потоа ја пренесоа бројни медиуми во оваа земја. Според „Фанатик“, Галата успеал да ги финишира преговорите со македонскиот интернационалец и денеска бил потпишан и официјалниот договор меѓу двете страни, по што Алиоски во наредните денови треба и официјално да се пресели во Истанбул.

Сериозен интерес за македонскиот репрезентативец покажуваа и челниците на Трабзон и на Фенербахче, но Галата успеа да ги финишира преговорите што траеја повеќе од четири месеци. Овој клуб беше пред потпис со Алиоски уште во текот на премиерлигашката сезона, тогаш трансферот се одолговлечи, за сега конечно да бидат договорени сите детали за тригодишната соработка.

Се вчитува...