Крај на дилемите: Ферстапен потпиша нов договор со Ред Бул

Макс Ферстапен стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина во Формула 1 откако четирикратниот светски првак денеска потпиша нов договор со тимот на Ред Бул до 2030 година.

Претходниот договор на „лудиот Макс“ истекуваше во 2028 година, но во изминатиот период многу се шпекулираше за негов трансфер во Ферари, Мерцедес, па дури и за предвремено пензионирање на холандскиот возач.

На крајот, Ферстапен сепак се реши да остане во Ред Бул и да се обиде да го врати овој тим на тронот на Формула 1.

„Ги имаме најдобрите луѓе овде и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно, да се вратиме на врвот. Тоа е целта што е зацртана пред сите нас. Отсекогаш сум велел дека ова е моето второ семејство, од првиот ден се чувствувам како дома. Дојдов во овој тим за да поедувам на трки и да освојувам трофеи, она пто го остваривме досега е неверојатно, но сакаме да се вратиме на тие победнички патеки што поскоро“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...