Крај на драмата во АБА и АБА2-лигата: МЗТ Скопје и ТФТ тргнуваат во регионалното натпреварување со нови судии

По минатонеделното одложување на стартот во АБА и во АБА2 лигата поради штрајкот на судиите, раководството на регионалното натпреварување донесе одлука да стартуваат шампионатите по претходно утврдениот распоред и со нови судии.

„По успешното решавање на сите прашања во врска со организирањето на судењето за сезоната 2026/27, второто коло во АБА-лигата и втората недела во АБА2-лигата ќе бидат одиграно според претходно утврдениот распоред и закажаните термини“, стои во соопштението на АБА-лигата.

Според челниците на натпреварувањето, исполнети се сите услови за за стартот на сезоната, а клучен чекор кон стартот беше формирање на нова листа на судии.

„АБА-лигата со задоволство известува, на задоволство на сите кои се директно вклучени, клубовите, играчите, тренерите и пред се навивачите, исполнети се сите услови за старт на сезоната. Новата листа на судии е одредена во најкраток можен рок и сега се е подготвено за старт“, стои во соопштението.

Во АБА2-лигата и во новата сезона ќе има македонски екипи, тоа ќе бидат шампионот МЗТ Скопје и ТФТ.

Се вчитува...