Крај на една ера: Бранко Лазиќ заминува од Црвена Звезда!?

Се поизвесно е дека долгогодишниот капитен на Црвена Звезда, Бранко Лазиќ го одигра последниот натпревар за „црвено-белите“, пренесуваат српските медиуми.

Лазиќ е незаменлив дел од белградскиот евролигаш од 2011 година, но поради пречестите повреди во последниот период Црвена Звезда нема да го продолжи договорот со 36-годишникот.

За 13 години поминати во клубот Лазиќ освои 28 трофеи и одигра повеќе од 800 натпревари. Во 2021, 2022 и 2024 година беше избран како најдобар одбранбен играч во АБА лигата.

Се вчитува...