Искусниот ракометен стратег Талант Душебаев по повеќе од десет години ќе го напушти полскиот Кјелце и ќе се пресели во Бундеслигата, пренесуваат полските медиуми.
57-годишниот Душебаев има договор со полскиот гигант до крајот на актуелната сезона. Засега нема договор меѓу двете страни, а целата ситуација ја прати бундеслигашот Кил кој ќе му понуди на легендарниот стратег да дојде во Германија.
Како замена за Душејбаев на клупата на полскиот гигант се шпекулира дека ќе дојде младиот словенечки стратег, Урош Зорман.
Талант Душебаев е на чело на Киелце од 2014 година. Со тимот има осум титули првак на Полска, шест Купа на Полска, а во 2016 година му ја донесе единствената титула во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

