КРАЈ НА ЕДНА ЕРА!!!? Ѓоковиќ повраќаше на терен, играше и плачеше, па по маратон загуби во 1. коло на УС Опен (ВИДЕО)

Српскиот тенисер, едно од најголемите имиња во историјата на спортот, Новак Ѓоковиќ неславно го заврши годинашниот УС Опен со пораз уште на стартот, и тоа од аргентинскиот тенисер Маријан Навоне во меч долг пет сета, со 6-7, 7-5, 6-4, 6-2 и 6-1.

Но, мечот го одбележаа бројните физички проблеми на Ѓоковиќ кој речиси по секој малку подолг поен, тој едвај се држеше на нозе.

Камерите го фатија и како повраќа покрај теренот во еден момент.

За време на петтиот сет, тој побара и медицински тајм-аут поради проблем со грбот, играше и плачеше, но ништо не помогна и загуби со 3-2 во сетови.

Без сомнение, се чини дека ова и дефинитивно веќе е најава за крај на една голема ера во тенисот. Многумина најавуваат збогум и за последниот член на онаа голема тројка. Роџер Федерер се пензионираше во 2022 година, Рафаел Надал две години подоцна, додека Новак Ѓоковиќ е сè уште тука, но….

Во последно време не ги бележи резултатите на кои тој, како најдобар играч во историјата на тенисот е навикнат. Поразот во првото коло на УС Опен од Маријано Навоне зборува во прилог на тоа.

Статистиката вели дека ова Отворено првенство на САД е првиот Грендслем, од 2003 година, на кој нема да го има Федерер, Надал или Ѓоковиќ во второто коло.

Инаку, ова е прв пораз на Новак во првото коло на Грендслем турнир по Отвореното првенство на Австралија во 2006 година.

Се вчитува...