Крај на една ера: Марк Гасол замина во пензија

Уште еден кошаркарска ера официјално заврши вечерва, откако Марк Гасол на прес-конференција обелодени дека ја завршува својата неверојатна кариера.

Шпанскиот центар имаше кариера за паметење, стигна и до титулата во НБА-лигата, а пред две години се врати назад во Шпанија и го презеде раководењето со тимот на Џирона. Марк настапуваше за овој тим во втората лига и помогна да биде обезбеден влез во елитното друштво, сезонава не се појави на теренот, за денеска и официјално да каже збогум на активното играње кошарка.

„Време е да се каже збогум, да се отстапи местото на останатите. Вистината е дека одлуката ја донесов уште пред извесно време, но во меѓувреме добив неколку понуди што само ја искомпликуваа ситуацијата. На крајот, длабоко во себе знам дека ова е вистинскиот потег иако има дел од мене што не се согласува, што сакаше уште да игра. Благодарен сум на сите соиграчи, на сите тренери, Пешиќ како мал ме научи работи што до последниот ден ги применував во мојот кошаркарски живот. Истото важи и за Педро Мартинез, и за Серџо Скариоло“, објави Марк Гасол.

 

Се вчитува...