Крај на една ера во Реал – Французинот сака да замине во Премиерлигата, се чека зелено светло на Перез?

Се чини дека Реал Мадрид ќе мора да започне да ја обновува својата одбрана на крајот на сезоната. После „ќор-сокак“ во преговорите со Серхио Рамос, исто така и друг дефанзивец би можел да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Станува збор за Рафаел Варан, кој решил да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Шпански „АС“ вели дека одлуката не е поврзана со желбата да се добие договор со поголема годишна заработка, туку Французинот сака нов предизвик, а тоа најверојатно ќе биде во Премиерлигата. Пред неколку години имаше слични написи на медиумите дека тој може да го засили Манчестер Јунајтед, а тогаш „кралскиот клуб“ јасно стави до знаење дека Варан не е на продажба, но сега ситуацијата е поинаква.

Клубот ќе разгледа понуди за 27-годишниот стопер, кој во моментов, според проценката на „Трансфермаркт“, се проценува на 70.000.000 евра. Во моментов има три имиња кои можат да бидат потенцијална замена за Варан, а најзвучно е името на фудбалерот од Барен Минхен, Давид Алаба, чиј договор со „баварците“ истекува на лето, но тука се и одличниот стопер на Севилја, Жил Кунде и дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес.

Се вчитува...