Крај на една ера за паметење – Липи му кажа збогум на фудбалот

Легендарниот италијански стратег Марчело Липи денеска, на свои 72 години, и официјално и кажа збогум на тренерската кариера.

„Дефинитивно завршив со професионалниот фудбал. Доста беше. Можеби во иднина би бил корисен во некои други улоги, но ништо пред пролетта“ – информираше денеска Липи дека и официјално заминува во пензија.

Најголемиот успех на Марчело Липи е освојувањето на Светското првенство 2006 со Италија. Огромни успеси имаше и со Јувентус, и се уште е последниот тренер кој на „Старата дама“ и донесе титула во Лигата на шампионите, и тоа во 1996 година.

Беше тренер и на Интер, Наполи, а последната година работеше како селектор на репрезентацијата на Кина.

Се вчитува...