Титулата во шпанската Ла Лига е се поблиску до Каталонија, откако Реал Мадрид направи уште еден кикс во шпанското првенство, играјќи само 1-1 на гостувањето кај Бетис.
Добриот старт навестуваше лесна победа на „кралевите“, меѓутоа на крајот беа апсолутно шокирани од домашниот тим.
Винисиус Жуниор донесе предност за Реал Мадрид. Крилниот играч одбиената топка од голманот на Бетис ја смести во мрежата на домаќините, и така донесе водство за гостите во 17. минута.
Возбудувањата пред голот на гостите се случија во финишот, кога Бељерин успеа една одбиена топка да ја смести во мрежата на Луњин, и така да донесе бод за својот тим, односно да му „откине“ два на Реал, и да го оддалечи од титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
