Крај на неславната епизода – Игор Ангеловски доби отказ од Горица!

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски доби отказ на клупата на хрватскиот прволигаш Горица.

Претседателот на клубот, Ненад Чрнко, и покрај тоа што претходно даваше поддршка за Ангеловски именувајќи го и за спортски директор, по вчерашниот пораз на тимот од Истра се одлучи да го разреши Ангеловски од двете функции, и од тренер и од спортски директор на Горица.

„Му заблагодаруваме на досегашниот тренер на соработката за овие неполни три месеци колку што мина на клупата на Горица“ – се вели во соопштението од Горица, од каде нагласуваат дека во понеделник ќе биде соопштено за јавноста името на новиот тренер.

Ангеловски имаше крајно неславна епизода на клупата на Горица кој за него беше прв ангажман по заминувањето од селекторската функција на Македонија. За десет натпревари на клупата на Горица во шампионатот на Хрватска не успеа да забележи ниту една победа, со осум порази и две ремија.

Се вчитува...