Крај на неверојатната серија: Италија беше без пораз на 59 средби дома, а тогаш дојде Македонија

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Италијанците уште долго нема да можат да се помират со вечерашниот пораз, откако не успеаја да го најдат патот до мрежата на Столе Димитриевски и беа шокирани во самиот финиш со голот што го постигна Александар Трајковски.

Успехот е уште поголем ако се знае дека Италија во својата историја нема загубено ниту еден квалификациски натпревар на домашен терен кога станува збор за квалификации за СП.

„Аѕурите“ досега имаа одиграно 59 домашни средби во мундијалските квалификации, при што забележаа 48 победи, 11 реми и ниту еден пораз…

А тогаш во Палермо пристигна фудбалската репрезентација на Македонија…

Се вчитува...