Крај на неверојатната серија на Харден

Неверојатната серија на Џејмс Харден од НБА-натпревари во кои асот на Хјустон постигнуваше најмалку 30 поени застана на бројката 32. Неочекувано, Харден не успеа да ја стигне „триесетката“ против Атланта, иако „ракетите“ постигнаа 119 поени против еден од најслабите тимови во лигата (119-111).

Пресуден беше неговиот очаен шут од далечина (0/10 за тројка), па иако погоди 14 слободни фрлања (14/16), Харден сепак не можеше да стигне до границата од 30 поени. Интересно, Хјустон го имаше последниот напад откако победникот веќе беше решен, Харден ја зеде топката, но на него тргнаа четири противнички кошаркари, по што асот на „ракетите“ застана и остави последните секунди од мечот да истечат.

Џејмс Харден во овие 32 средби во просек постигнуваше 41,1 поен по натпревар.

„Серијата е завршена, но јас продолжувам да го правам она што го правев и досега, да помагам тимот да победува“ – истакна Харден по натпреварот.

Се вчитува...