Крај на сагата: Меси потпишува на пет години со Барса

Лионел Меси ќе стави крај на сагата околу својата иднина потпишувајќи нов договор со Барселона најдоцна за 48 часа, со што каталонскиот гигант ќе го осигура останувањето на најдобриот фудбалер во клупската историја. Како што јавува весникот „Ел Мундо Депортиво“, голема новост е што новиот договор на Меси ќе биде со времетраење од пет години, со што претседателот Лапорта осигура Аргентинецот да остане на „Камп ноу“ до крајот на неговата кариера.

Меси веќе има 34 години, а доколку во меѓувреме реши да ја заврши кариерата пред истекот на договорот, Барселона ќе му понуди директорско место за останување во клубот и по збогувањето со активно играње фудбал.

Барса неколку сезони по ред потпишуваше едногодишни договори, но со овој потпис Меси само ќе ја потврди лојалноста кон клубот, но и вербата во проектот што го создава Лапорта, по војната што ја водеше со неговиот претходник Бартомеу.

Токму тоа била причината Лео да се согласи и на значително помала плата од онаа што ја заработувал досега, како помош кон клубот кој се соочува со огромни финансиски проблеми.

Се вчитува...