Кошаркарот на Детроит пистон, Џејлен Дурен, договори нов петгодишен договор со Детроит пистонс вреден 200 милиони долари, објави ЕСПН, со што конечно заврши најголемата летна сага во НБА-лигата.
Договорот го потврди и агентот на кошаркарот, Чафи Филдс.
Преговорите меѓу Детроит и Дурен траеја дури четири месеци, а договорот е потпишан пред истекот на рокот, во четвртокот во 23.59 часот по источноамериканско време, до кога Дурен мораше потпише нов договор или пак мораше да се согласи на едногодишен договор вреден 9.6 милиони долари кој му гарантираше дека идното лето ќе биде слободен играч.
Преговорите траеја долго бидејќи Дурен кој минатата сезона беше дел од третата најдобра петорка во лигата, од старт бараше договор кој ќе му носи 40 милиони долари по сезона.
Челниците на Детроит првично не сакаа да му ја исполнат желбата бидејќи Дурен одигра очајно во плејофот, неговите бројки од 19.5 поени и 10.5 скокови со 65 отсто успешност на шут, во разигрувањето паднаа на 10.5 поени и 8.5 скокови и 51 отсто успешност на шут. Големиот пад на бројките ги исплаши челниците на Детроит дека Дурен се уште не заслужува 40 милиони долари по сезона, и првично му понудија 170 милиони за пет години.
Кошаркарот ја одби таа понуда, потоа Детроит му понуди 200 милиони долари со клаузула дека не смее да ја зголеми тежината. И оваа понуда беше одбиена од страна на Дурен кој притоа им се закани на челниците дека има тимови кои ќе му дадат колку што бара идната година, во прв ред Сакраменто и Атланта.
На крајот, Детроит му ја исполни желбата и му понуди 200 милиони за пет години без клаузула, по што Дурен ја прифати и во наредните пет години ќе го носи дресот на пистонси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
